AMD Strela

 

Делегација од општина Струмица на одбележувањето на празникот на општина Петрич

Делегација од општина Струмица на одбележувањето на празникот на општина Петрич
Објавено на: 08 May 2017

Делегација на општина Струмица во состав, Костадин Костадинов, вршител на должноста градоначалник, Јосиф Христов претседател на Советот на општина Струмица и Кирил Парталов секретар на Општината, престојуваа во дводневна посета на општина Петрич. Тие присуствуваа на сите свечености и манифестации кои беа организирани по повод Ѓурѓовден – празникот на Петрич.

-Во предвечерието на големиот христијански празник Ѓурѓовден што всушност претставува и празник на вашиот град, ми претставува особено задоволство што сум овде меѓу вас и што ја имам можноста да ви се обратам во името на граѓаните на општина Струмица, да ви го честитам празникот да ви посакам здравје, мир и благосостојба во вашите домови и нормално прогрес каков што заслужува општина Петрич. Она што заеднички и со задоволство можеме да го констатираме е дека Струмичани и Петричани со векови се дружат и ги негуваат традициите и ако земеме да кажуваме за сите тие дружби и убави спомени во кои уживаме сите ние како граѓани ќе ни треба една недела. Јас ќе се држам на она што е најважно, а тоа е дека јас и мојот колега Брчков правиме максимални напори, покрај тоа што ја негуваме таа вековна традиција, туку и ја продлабочуваме соработката во делот на економијата, културата, спортот, туризмот и во некои други области. Како плод на тие наши напори беше и Меморандумот за соработка и добро пријателство кој што го потпишавме пред некое време, во кој јас и мојот колега искрено веруваме. Нема да должам многу, за крај уште еднаш да ви го честитам празникот, да ми бидете секогаш така насмеани и весели и ви благодарам искрено и од срце, рече Костадинов во поздравното обраќање.

Општина Струмица и општина Петрич во месец март годинава потпишаа Меморандум за меѓусебно разбирање и соработка.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK