Играниот филм „Златна петорка„, кој го режираше струмичанецот Горан Тренчовски, на фестивалот во италијанскиот град Перуџа се закити со наградата „Златен Грифон“. Наградата на македонскиот филм му е доделена за најдобар странски филм-учесник на фестивалот.
По фестивалот во Италија, филмот „Златна петорка“, продолжува со учество и на други светски реномирани фестивали.