Одбојкарите на Струмица ја освоија шампионската титула во домашното првенство откако и во третиот меч го победија Пробиштип. Струмичани одиграа нов одличен меч и со 3:0 во сетови не му дозволија на противникот да се понадева дека може да направи некое изненадување.
Домаќинот на овој меч имаше само проблеми во воведните поени од првиот сет, но, потоа ги врати работите на свое место откако поведе со 2:0 (25:22, 25:21). Додека, пак, во завршницата и гостите го прифатија поразот, па така стигнаа до бројката од само 14 поени.
За Струмица ова беше една од најдобрите сезони бидејќи пред 10. дена ја освоија и титулата во Купот на Македонија.
Извор/Фото: http://sportmedia.mk/drugi-sportovi/odbojka/strumica-bez-maka-do-shampionska-kruna