AMD Strela

 

Телеграма со сочувство од в.д градоначалникот Костадин Костадинов до семејството на Зоран Маџиров

Телеграма со сочувство од в.д градоначалникот Костадин Костадинов до семејството на Зоран Маџиров
Објавено на: 09 May 2017

Телеграма со сочувство од в.д градоначалникот Костадин Костадинов до семејството на починатиот Зоран Маџиров

Почитувани членови на семејството Маџирови,

Со неверување и чувство на голема тага ја примив жалната вест за прераната смрт на Вашиот син, сопруг и татко, Зоран Маџиров. Преголема е Вашата болка за огромната загубата, но ако заеднички се повикаме на мудроста која вели дека споделената болка е помала болка, тогаш имајте во предвид дека со Вас тагува цела Струмица и цела Македонија.

Зоран Маџиров беше исклучително чесен и вреден сограѓанин кој не ја криеше својата огромна љубов кон родната Струмица. Таа Струмица се гордееше со него, бидејќи како вонсериски музички талент, беше врвен репрезент на струмичката и македонската музика и култура во европски и светски рамки. Зоран ќе остане запаметен како врвен перкусионист кој ја пленеше публиката низ сите светски меридијани.

Зоран Маџиров е еден од оние кои докажуваат дека големите уметници остануваат бесмртни, дека тие живеат и по нивната смрт. 
Бидете горди што беше дел од Вас и што бевте дел од него.

Од мое лично име и од името на Општина Струмица, примете го нашето најдлабоко сочуство.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK