AMD Strela

 

Фото:Со трактор изнесени документи од Центарот за социјални работи во Струмица

Фото:Со трактор изнесени документи од Центарот за социјални работи во Струмица
Објавено на: 10 May 2017

Од фотографии кои ни ги испратија наши читатели се гледа како со трактор на Комуналното претпријатие „Турија“ од општина Василево се носат документи спакувани во кутии, но и расфрлани во тракторот.

Документите, според директорот на Центарот за социјални работи во Струмица, Кирил Поп Трајков, се уништени согласно законот за архивско работење и се носеле на депонијата „Шапкар“ кај селото Добрашинци.

Поп Трајков додава дека по добиеното решение од Историскиот архов се пристапило кон уништување на документи за кои е пропишано колку и каде треба да се чуват. Тој додава дека уништувањето на документацијата е спроведно согласно законските прописи и нема ништо спорно во носењето на документите за депонија.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK