Во незгодата, која се случила на 10.05.2017 година во 11.00 часот на наведениот патен правец, учествувале ПМВ ,,Мерцедес МЛ 350‘‘ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.К. (64), ПМВ ,,Рено Меган Ксеник‘‘ со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.В. (62) и ПМВ ,,Мерцедес Б 180‘‘ со струмички регистарски ознаки управувано од Л.Љ. (35), соопшти МВР. Во сообраќајната несреќа со телесни повреди се здобиле возачот на ПМВ ,,Рено Меган Ксеник‘‘ Т.В.(62) и неговиот сопатник Б.Т., кои по укажаната лекарска помош во медицинскиот центар Струмица се пуштени на домашно лекување. По овластување на јавен обвинител увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Струмица.