AMD Strela

 

Погребан големиот музичар Зоран Маџиров:Замина вечниот патник

Погребан големиот музичар Зоран Маџиров:Замина вечниот патник
Објавено на: 11 May 2017

Со комеморација за ликот и делото на големиот струмички, македонски и светски музичар, перкусионистот Зоран Маџиров, граѓани, роднини, пријатели, колеги и почитувачи на неговото дело му оддадоа последна почит на музичкиот виртуоз, творецот на шишефонијата, како што велеше самиот.

-Да се свири на „страдивариус“ или на „гибсон“ е уметност. Да се свири на обични шишиња е чудо. Брилијантно, прекрасно, воудушевувачко. Ти благодарам-рече Стинг. А Лари Кинг вели вака:Ви го претставувам оној за кој цел свет зборува-Зоран, човекот на шишињата, рече меѓу другото водителот на комеморацијата, Горѓи Калајџиев.

За Маџиров зборуваа и неговиот братучед и раководител на струмичкиот театар, Драган Маџиров, неговата другарка Клара Вета Патарова и пејачот Горан Кукиќ,како и други присутни на комеморативната седница.

-Зоки секогаш ќе биде со нас.Од неговото потесно семејство тука е Нина, неговата ќерка, која ќе ги одигра неодиграните ролји на чичко и Игор и неговиот син Љубен, кој ќе ги досвири неисполнетите композиции на татко му Зоки, рече Драган Маџиров.

-На 9 мај се случи една голема трагедија. Светот изгуби еден голем уметник. Како што Германија го имаше Бах или Бетовен, а Салцбург Моцарт, Македонија го имаше својот Зоран Маџиров. Јас сум горда дека бев дел од неговиот49-годишен живот. Тој беше мојот брат, јас неговата сестра. Секогаш се бореше лавовски. Ова беше голема трагедија и несреќа. Како што велат многу е важно што ќе оставиш после животот. Тој остави толку големо богатство. Беше единствен не само како уметник, туку беше единствен како сопруг и феномален татко, рече пијанистката Даница Стојанова, едвај задржувајќи ги солзите.

Зорам Маџиров се здоби си тешки повреди во сообраќајна несреќа лани во октовмри на патот Радовиш-Штип кај месноста Пилав Тепе. До денот на смртта постојано беше во кома и не успеа да преживее.

Погребот е извршен денес на Градските гробишта во Струмица.

Видео од безбројните настапи на Зоран Маџиров

Р.Т.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK