AMD Strela

 

Здружението НОВУС преку проект за институционална поддршка ќе работи на унапредување на локалната демократија и социјалната кохезија

Здружението НОВУС преку проект за институционална поддршка ќе работи на унапредување на локалната демократија и социјалната кохезија
Објавено на: 15 May 2017

Здружението НОВУС преку  проектот за институционална поддршка во 2017 и 2018година ќе работи на унапредување на локалната демократија и социјалната кохезија во општина Струмица. Проектот е финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Главни приоритети на кои се базира проектот се:

– Програмско и институционално јакнење на НОВУС за унапредување на демократските процеси  и социјалната кохезија во општината

– Промоција и заштита на универзалните права и слободи на граѓаните

– Промовирање и застапување на европски вредности, принципи и политики

– Зајакнување  и унапредување на младите и младинските политики на локално, регионално и на национално ниво

– Зголемена соработка со други локални, регионални, европски ГО, јавни институции и приватни компании

– Потенцирање на важноста на граѓанскиот сектор во процесот на донесување одлуки во процесот на креирање на локалните и националните политики

Целни групи кои ќе имаат бенефит од овој проект се: младите, здруженија на граѓани од локалната заедница, микрорегионот и државата, граѓани на општина Струмица и микрорегионот Василево, Босилово, Ново Село, локални и јавни-општествени институции, мали и средни претпријатија, училишта, високообразовни институции, медиуми и активистички јадра.

Проектот чини вкупно 22.154 американски долари и ќе се реализира на територија на општина Струмица. Проектот започна со реализација, а ќе заврши во мај 2018 година.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK