Денес, точно напладне, на плоштадот „Гоце Делчев“, се одржа традиционалниот „Матурски бал“, на кој учествуваа матурантите од струмичките средни училишта
Инаку, овој интернационален „Матурски бал“ се одржува од 2001 година, а идеен творец е Томаж Амброж од од танцовата школа „Уршка“ од Љубљана (Словенија). Македонија веќе десет години е дел од оваа манифестација, а Струмица е вклучена во истата од 2008 година.