AMD Strela

 

„Планетум“ и „Новус“ организираат јавна трибина

„Планетум“ и „Новус“ организираат јавна трибина
Објавено на: 22 May 2017

Јавната трибина ја организираaт ЕД Планетум и ЗГ Новус- Струмица, како дел од проектот„Граѓански иницијативи за образование за клима и енергетска ефикасност“ финансиран од Европската Унија, а во реализација на Здружението Гоу Грин Скопје.

Во Република Македонија се јавува недостаток на квалификувана работна сила со која би се реализирале стандардите за енергетска ефикасност пропишани во правилникот за енергетски карактеристики на зградите и се јавува како предузлов за успешно имплементирање на Европската директива за енергетска ефикасност. Од една страна, додека градежниот сектор е во експанзија интересот на учениците за средните стручни училишта е низок, а од друга страна, висок процент на матурантите од средните стручни училишта се запишуваат на факултет. Се зголемува бројот на високо платени дефицитарни професии. Со тоа секоја година се зголемува јазот помеѓу побарувачката и понудата на квалификуван кадар.

 Наставниците од средното стручно училиште СОУ Никола Карев –Струмица (Марија Мучева, Елена Симевска и Зоран Петков ) од трите струки електротехничка градежна-геодетска, машинска и струка заедно со конслултанти експерти изработија програма за слобони часови по енергетска ефикасност.Наставата за слободни часови ги покрива основните поими за енергетска ефикасност преку теми релевантни за секоја струка, со посебен фокус на практичниот дел.  

Јавната трибина ќе се одржи на 23.05.2017 (вторник) во 11:00 часот во Сала за советнициДом на АРМ -Струмица. На трибината ќе има претставници од средните стручни училишта, компаниите, граѓанските организации и општинаСтрумица кои ќе ја презентираат програмата за слободни часови и ќе дебатираат за придобивките на учениците и приватниот сектор.

Фото:Интернет

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK