Учениците и вработените во основното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Дабиле денеска го одбележаа патрониот празник. По тој повод во училишниот двор беше изведена свечена и богата програма во која учествуваа ученици од повеќе секции кои што работат во рамките на училиштето. На одбележувањето на празникот присуствуваа и вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, претседателот на Советот Јосиф Христов и членови на истиот, претставници на одделението за образование на општина Струмица, родители и други гости, пријатели на училиштето.