На 28.05.2017 година во 03.20 чaсот, во близина на кружниот тек до казино во Гевгелија, полициски службеници забележале ПМВ „Рено Меган‘‘ со скопски регистарски ознаки, во кое имало повеќе лица, како со голема брзина се упатило по автопатот во правец на Скопје. Полициските службеници се упатиле по возилото, кое кај клучката кај с.Прдејци излетало од патот. По незгодата возачот се дал во бегство, додека во околината биле затекнати осум лица-мигранти, од кои четири лица од Индија и четири лица од Пакистан. По консултација со Јавен обвинител дел од мигрантите ќе бидат спроведени во Прифатниот центар за странци-Скопје, а останатите се предадени на полициски службеници од ПТЦ Гевгелија за понатамошна постапка. По извршена проверка утврдено е дека регистарските таблици припаѓаат на друго патничко возило. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот, информиираа денеска од МВР во дневниот билтен.
Фото:Интернет