AMD Strela

 

Изложба на стрип цртежи во организација на „Транзен“

Изложба на стрип цртежи во организација на  „Транзен“
Објавено на: 29 May 2017

Во организација на Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес од 20 до 23 април во село Нежилово се одржа 4-дневно стрип-училиште за креативен ангажман. Оваа активност е дел од проектот „Стрипот како креативна алатка во функција на граѓанскиот ангажман“.Во периодот на престојот, дванаесет цртачи од Скопје, Куманово, Струмица, Кратово, Битола и од село Горно Јаболчиште,со помош на нивни водичи и персоналот на СЦМ-Велес, ги довршија веќе отпочнатите стрип-дела со приоритетни теми за цртање: миграции, меѓуетнички односи, родови прашања, но и екологија и други теми во зависност од афинитетот и интересот на авторите. На работилницата за стрип учествуваа и претставници од Здружението Транзен - Лефтерија Трајкова и Софронија Шарламанов.

Отварањето на изложбата на цртежите од стрип работилницата ќе биде на 31.05. - среда со почеток во 14.00 ч. во просториите на Домот на АРМ на втори кат. Изложбата технички е поддржана од Дом за деца и млади - Струмица.

Проектот е финансиран преку програмата Цивика Мобилитас на Швајцарската Агенција за развој и соработка.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK