AMD Strela

 

Премиера во струмичкиот театар на дело од Шекспир

Премиера во струмичкиот театар на дело од Шекспир
Објавено на: 30 May 2017

Премиерата на претставата „Дванаесетта ноќ (ноќ спроти Водици) од Вилијам Шекспир е најновото остварување на струмичкиот театар. В четврток  (1 јуни, 20 ч.) претставата ќе биде премиерно прикажана. Режијата е на Деан Дамјановски, а настапува целиот ансамбал на театарот.

-Успеавме да создадеме еден многу солиден театарски производ, за кој сметам дека ќе има долг живот на сцената.Станува збор за една комедија, но тоа што е за мене поважно што во неа учествува целиот ансамбал на струмичкиот театар, со кој што успеавме заедно да направиме успешна комбинација на енергиите и заедно да ги искомбинираме тие креативни погледи на светот и да создадеме едно заедничко дело, рече режисерот Дамјановски.

За актерот Бранко Бенинов голема чест и привилегија е да се биде во друштво на таква млада и успешна актерска екипа.

-Самиот начин околу размислување за Шекспир во овој период резултираше со една страшна доверба со режисерот, кој дојде со еден посебен концепт.Таа верба ми дава со право да кажам дека имаме еден од најдобрите процеси на подготовка на една претстава во моите 35 години актерска дејност. Тој просец беше проткаен со задоволство, со внимание, со љубов, со посветеност и разбирање за сите можни ситуации, истакна актерот Бранко Бенинов.

Актерите и режисерот сметаат дека претставата многу одговара за Струмица, бидејќи во нејзиното дејство има карневал.

Р.Т.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK