На најголемиот и најрекфентниот граничен премин Евзони целосна забрана има за товарните возила, додека патничкиот сообраќај функционира со прекини, односно на секои 60 минути блокада има пропуштање во времетраење од петанесетина минути, а потоа рампите повторно се спуштаат. На Дојран и Меџитлија сообраќајот е во целосен прекин и во Грција може да се влезе само пеш. Штрајкот на грчките цариници, кој почна синоќа, треба да заврши вечерва на полноќ.