МВР соопшти дека вчера во 19,00 часот во ПС-Радовиш, Љ.Б.(46) од Радовиш пријавил дека истиот ден во времето од 16,30 до 17,00 часот, непознат сторител извршил тешка кражба во неговата куќа на тој начин што преку надворешните скали од катот на куќата влегол во купатилото кое не било заклучено, го пронашол клучот од влезната врата од катот на куќата, влегол внатре и без да изврши пребарување од фиока во кујната одзел 16.800 евра и околу 100.000 денари, а потоа го напуштил лице местото. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
Фото:Интернет