„Златната петорка“ во режија на Горан Тренчовски, а во продукција на „Револушн“, го освои Гран Прито за најдобар филм на фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа кој се одржа во Париз од 31 мај до 3 јуни во Париз. Филмот за петтемина струмички студенти супериорно ја плени француската публика, а од страна на интернационалното стручно жири, во театарот „Палас“, „Златна петорка“ беше прогласен за најдобар долгометражен филм во силна конкуренција од 15 филмови. Исто така, филмот на Тренчовски освои уште една награда, за најдобра монтажа, која ја потпишуваат Андрија Зафрановиќ и Аристид Филактов. По главната награда „Златен Грифон“ во Перуџа и по Специјалната награда во Москва, ова е четврта интернационална награда на „Златна петорка“. Досега, за само 8 месеци по светската премиера, и со над 15.000 гледачи во Македонија, ова е 10-то фестивалско учество на „Златна петорка“, а до крајот на годината филмот е селектиран на уште толку филмски фестивали ширум Европа и Светот. Исто така, продукцијата е во преговори со една голема телевизиска компанија која е заинтресирана да го емитува, а веќе има и неколку потенцијални ко-продукциски страни за поддршка на нов филмски проект на Тренчовски.