AMD Strela

 

Струмичанец „шиткал“ фалсификувани евра

Струмичанец „шиткал“ фалсификувани евра
Објавено на: 04 Jun 2017

Вчера во 12,00 часот во СВР-Струмица, Х.Х.(62) од Струмица, пријавил дека истиот ден околу 10,30 часот на бул.„Маршал Тито“ во Струмица до него застанало ПМВ„Југо Корал“ со струмички регистарски ознаки во кое имало две лица и едно од нив побарало да му размени 150 евра (3 х 50), за што им дал 9.200 денари, по што истите заминале. Откако ги проверил банкнотите  забележал  дека се фалсификувани, односно биле со ист сериски број, по што го пријавил настанот.Со Потврда за привремено одземени предмети од Х.Х. се одземени банкнотите. Од страна на полициски службеници лишен од слобода е Б.И. од Струмица , кој го управувал наведеното ПМВ, а со наредба на ЈО извршен бил претрес во неговиот дом, при што пронајдено било едно плико адресирано до него, испратено од Германија во кое имало 9 (девет) банкноти во апоени од по 50 евра со ист сериски број како на пријавителот Х.Х. Наведените банкноти на Б.И. му пристигнале по пошта на 03.06.2017 година.Банкнотите се одземени со потврда и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK