AMD Strela

 

Јавен повик за учество на тренинг „Младите и нивното вклучување во процесот на донесување на одлуки“

Јавен повик за учество на тренинг „Младите и нивното вклучување во процесот на донесување на одлуки“
Објавено на: 06 Jun 2017

Главна цел на овој тренинг е да се зголеми улогата на младите  и младинските организации како силен партнер на општината и да се зголеми учеството на младите во процесите на локлано донесување на одлуките како дел од утврдените приоритети во Стратегија за млади на општина Струмица, особено  во време на транзиција на државата, градење на демократијата и почитување на човековите права и во таа насока влијанието на младите врз демокртските и политичките процеси.

Од овој тренинг, младите и младински организации ќе се запознаат со новите методи и концепти за вклученост на младите во процесот на одлучување и креаторите на локалните политики со цел превзимање на соодветни акции кои ќе придонесуваат кон подобрена социоекономска положба на младите во општина Струмица, градење на капцитетите на младите и младинските организации, зајакнување на улогата на младите и младинските организации во креирањето на локалните политики, во функција на силен коректив на власта, заради еднакви можности на младите гледано од родов аспект во сите сегменти на вклученост во процесот на градењето на општина по мерка на граѓаните .

Рокот за пријавување е до 15 јуни (четврток) преку пополнување на апликацијата на следниот линк: https://goo.gl/vWP4id

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK