По подолга пауза уличните (дивите) подавачи пак ги запоседнаа пешачките патеки на главната улица во градот. До пред неколку денови полициски патроли не им дозволуваа да ја продаваат нивната стока, а откако тие исчезнаа продавачите се вратија на булеварот, продавајќи се и сешто.
Пред неколку месеци против дивите продавачи реагираа сопствениците на тезги од пазарот во ТЦ „Глобал“. Тие тогаш се заканија дека ќе ги затворат своите тезги и ќе почнат да продаваат на улица.
Р.Т.