Здружението НОВУС во изминатиов период работеше на мониторинг на локалните стратегии за социјална заштита и образование на општина Струмица, финансиран од Фондацијата отворено општество - Македонија.
Преку мониторинг активностите, здружението имаше за цел да го утврди степенот на реализација на активностите и да ги утврди предизвиците/проблемите во спроведувањето и имплементирањето на активностите од стратегиите за социјална заштита и образование. За успешна реализација, се анализираа постоечки документи, се спроведоа интервјуа, се толкуваа информации и се дефинираа препораки и корективни мерки во соработка со експерти.
Мониторинг извештаите се прикачени на веб страницата на здружение НОВУС