Според неофицијални информации над 60 отсто од запишаните избирачи во општина Богданци излегле да гласаат на денешниот референдум за или против отворање на рударскиот комплекс Казан Дал кај Валандово и отворање на нови рудници во иднина на територијата на општината. За успех на денешното референдумско изјаснување беше потребно да излезат и гласат 50 отсто+1 еден гласач.
Според нофицијални инфрмации од вкупни запишани 7 илјади избирачи на гласање излегле 62 отсто, а од нив 99 отсто заокружиле против на референдумското ливче.
Р.Т.