AMD Strela

 

„Спас за Валандово“ ги продолжи блокадите кај крстосницата за Дојран

„Спас за Валандово“ ги продолжи блокадите кај крстосницата за Дојран
Објавено на: 14 Jun 2017

И денеска продолжија блокадите на патиштата во Валандовско од страна на активистите на зружението „Спас за Валандово“. За разлика од вчера кога беше блокиран клучката кајселата Марвинци и Пирава, денес организаторите неколку часа ја блокираа крстосницата за Дојран пед Валандово, кај Грчките гробишта.Со блокадите активистите од ова здружение го искажуваат својот револт од општинската власт на Валандово, која сеуште нема закажана седница на Советот, на која ќе се донесе одлука за референдумско изјаснување за отворање или не на рудници во нивната општина, како и стопирање на изградбата на рудникот кај Казан Дол.
„Спас за Валандово“го собра потребниот број потписи за одржување седница на Советот, но засега не е закажано нејзино одржување.

Фото:Кирил Паунков, група Богдански бркуљеже...без бркаљка

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK