Утрово околу 05.20 часот на ул. „Климент Охридски“ во Струмица, А.З. (42), управувајќи патничко возило „Мерцедес Спринтер“ со струмички регистарски ознаки, удрил во пешакот А.Д. (44) од Струмица, која починала на местото. Смрт е констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош. Возачот е приведен во ПС Струмица, а увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Струмица.
Според очевидци две струмичанки се обидувале со туркање да го ставт во погон нивното возило, кога од спротивната страна на нив налетал „мерцедесот спринтер“, удирајќи во 44 годишната А.Д., која од ударот и здобиените повреди починала.