AMD Strela

 

Богданчани алармираат: браната Паљурци пред пресушување!

Богданчани алармираат: браната Паљурци пред пресушување!
Објавено на: 01 Jul 2017

Нивото на водата во браната „Паљурци“ кај Богданци е на најниско ниво и може да се случи да биде затворен вентилот за испуштање на водата за наводнување на земјоделските посеви. Доколку се продолжи со досегашното темпо на испуштање на водата може да се случи вистинска катастрофа.
На социјалната мрежа фејсбук се огласија од ОК на ВМРО ДПМНЕ од Богданци. Оттаму велат дека Водостопанство испратило барање до министерството за екологија за пуштање вода од системот за полнење на Дојранското Езеро, но досега од министертвото за животна средина немало одговор.
Според Блаже Шапов, претседател на Риболовното друштво „Костреш“ Богданци, за состојбата со „Паљурци“ биле известени сите релеватни институции и дека проблемот бргу ќе биде решен. Шапов додава дека засега нема опасност за рибниот фонд поради драстичното намалување на нивото на водата.
Фото:Фејсбук група БУГДАНСКИ БРКУЉЕЖЕ...БЕЗ БРКАЉКА
Р.Т.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK