На вонредна седница, Советот на Општина Валандово, со 8 присутни советници и 8 гласа ЗА, донесе одлука за распишување на референдум за подрачјетот на општина Валандово заради изјаснување на граѓаните околу отворањето на рудници за металични минерални суровини. Граѓаните ќе добијат шанса преку директно искажување на својата волја, да одлучуваат за својата иднина, објави пред малку на својата фејсбук страница Здружението „Спас за Валандово“.
На вонредната седница присуствувале 8 од вкупно 15 советници колку што брои советот на општината. Досега претседалот Сечкова не свикуваше седница на советот за донесување одлука за одржување референдум, иако имаше собрано потребен број на потписи за одржување на седница и донесување одлука за референдум, па со мнозинство советници е донесена одлуката за одржување референдум.
ИНаку, според законот за локална самоуправа рефрендумот се одржува најрано 25,а најдоцна до 40 денови од денот на објавувањето на одлуката во службениот гласник на општина Валандово.
Р.Т.