Браната „Паљурци“ кај Богданци почна да се полни со вода од хидросистемот за полнење на Дојранското Езеро. Во браната дотекуваат 100 литри вода во секунда, а одлуката да се изврши полнење на оваа акумулација ја донесе министерството за животна средина. Пред неколку денови нивото на водата во „Паљурци“ падна под критичното ниво, по што беше затворен вентилот за наводнување на околу 2 илјади хектари земјоделски површини засеани со најразлични земјоделски култури. Во текот на денот се очекува да се засили полнењето на акумулацијата и од останатите две пумпи од хидроситемот за полнење на Дојран, со што нивото на акумулацијата полека ќе се доведе во нормала.
Р.Т.