Судот во Велес
-Докторот потврди дека бременоста била добра, од која причина било издадено боледувањето, не затоа што мојата сопруга имала компликации туку поради тешката работа особено во ноќна смена и за да ги помине полесно деновите во бременост. Поради тоа адвокатот на одбраната нервозно ги поставуваше прашањата, рече Димитрија Кадиев.
Кадиев додаде дека тие се одлучиле за критичниот ден, на породувањето, затоа што така ги советувале гевгелиските лекари бидејќи претстоел празник и продолжен викенд.
На денешното рочиште, спротивно на исказот на келнерот од гевгелискиот кафе бар кој на минатото продолжение на судењето тврдеше дека ги служел пијаните лекари со алхохол, сопственичка на гевгелиски ресторан рече дека анестезиолозите Томчо Ванчев и починатиот Зоран Јовановски, не пиеле алкохол додека кај нив ручале.
- Тие прво јаделе во ресторанот, а можеби и пиеле, нека и служи на чест ако лаже а потоа заминале во кафе барот каде келнерот пред судот кажа дека ги служел со алкохол откако дошле во алкохолизирана состојба. Таа убаво кажа дека во ресторанот, што се наоѓа во близина на болницата во Гевгелија, биле претпладнето. Има и друга кафана што истиот ден ја посетиле ама вработените во неа не сакаат да сведочат, рече Димитрија Кадиев.
По денешното судење ни обвинетите ниту нивните бранители не сакаа да дадат изјава. Судењето за смртта на родилката од Дојран и за нејзиното штотуку родено бебе пред дваесет и еден месец продолжува со сослушување на сведоци. Во овој судски процес обвинети се анестезиологот Томчо Ванчев и гинеколозите Венци Чалков и Дончо Москов од Гевгелија. Четвртиот лекар, анестезиологот Зоран Јовановски почина пред да почне судењето.
У.Ј.
Текст и фото:Дума
Линк:http://duma.mk/region/veles/22788-2017-07-03-15-13-19.html