Вчера во 11,00 часот А.Е.(47) од с. Дедели во СВР Струмица пријавил дека во точно неутврден временски период, непознат сторител со помош на клуч кој му припаѓал на пријавителот влегол во куќата и одзел златен накит, 8.000 евра и 38.000 денари, по што го напуштил местото на настанот. Увид бил извршен од страна на увидна екипа од СВР Струмица. Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.