AMD Strela

 

Граѓаните на директна средба со членови на Советот на општина Струмица.

Граѓаните на директна средба со членови на Советот на општина Струмица.
Објавено на: 05 Jul 2017

Центарот на заедницата на општина Струмица Ве поканува на настан „Отворен ден со Комисијата за култура, образование и спорт при Советот на општина Струмица“ на 07.07.2017 г. (петок) со почеток во 18 часот во канцеларијата на Центарот на заедницата на општина Струмица во Дом на АРМ – Струмица. 
Оваа активност е во соработка со Советот на општина Струмица и општинската администрација, а е дел од програмските активности на Центарот на заедницата на општина Струмица во рамки на проектот „Институционална поддршка за 2017 г.“, финансиски овозможен од Фондација Отворено општество – Македонија.
Говорници на настанот ќе бидат членовите на Комисијата за култура, образование и спорт. Комисијата ги разгледува прашањата што се однесуваат на културата, образованието и спортот. 
Целта на настанот е да се доближи работата на Комисијата до граѓаните, да се запознаат со работата на Комисијата, но и да се овозможи граѓаните да се вклучат со свои предлози, како и во носењето одлуки на локалната самоуправа.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK