AMD Strela

 

Градоначаланикот на Валандво го запре објавувањето на одлуката за распишување референдум

Градоначаланикот на Валандво го запре објавувањето на одлуката за распишување референдум
Објавено на: 07 Jul 2017

Здружението „Спас за Валандово“ објави на својата фејсбук страница дека градочалникот на Валандово, Николче Чурлиновски го запрел објавувањето на одлуката за распишување на референдум, донесена од страна на Советот на општината. На вонредната седница на Советот на општина Валандово, што се одржа на 3 овој месец, осумте присутни советници со ист толкав број на гласови донесоа одлука за распишување референдум за подрачјето на општина Валандово заради изјаснување на граѓаните околу отворањето на рудници за металични минерални суровини.

Според законот за локална самопуправа референдумот се одржува најрано 25, а најдоцна до 40 денови од денот на објавувањето во службениот гласник на општина Валандово. Сега со одлуката на градоначалникот Чурлиновски да го запре објавувањето на одлуката во службениот гласник на општината се создава нова ситуација. Имено Советот на општината сега треба повторно да се состане и пак да ја донесе одлуката за распишување референдум. Доколку тоа се случи градоначалникот тогаш не може да го запре објавувањето на одлуката.

Инаку, веста дека градоначалникот на Валандово го запрел објавувањето на одлуката за распишување референдум во службениот гласник на општината предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.

Р.Т. 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK