AMD Strela

 

Валандово на референдум на 20 август за рудниците

Валандово на референдум на 20 август за рудниците
Објавено на: 10 Jul 2017

Мнозинство о советниците од Советот на општина Валандово утрово, на вонредна седница, ја потврдија одлуката за референдум на локално ниво во Општина Валандово која ја донесоа минатата недела, и со тоа покажаа достојност на својата функција, која е да одлучуваат во интерес на граѓаните на општината, соопшти денеска Здружението „Спас за Валандово“.

Претходната одлука на советот, градоначалникот Чурлиновски одби да ја објави во службениот гласник на општината и со тоа по нејзиното објавување таа да стапи во сила и д се организира референдум на кој граѓаните ќе се изјаснуваат за продолжување со работа на рудникот Казандол, но и за евентулан о отворање нови рудници на територијата на општината.

Советото одлучи референдумот д се одржи на 20 август годинава. Бидејќи советот ја потврдува по втор пат својата одлука за организирање референдум градоначалникот повеќе не може да не ја објавува одлуката во службениот гласник.

-Ова е огромен скок во права насока за непосредното демократско изјаснување на граѓаните во нашата општина, па и во државата. Како прва граѓанска иницијатива која стигнала до референдум на овој начин, сакаме да се заблагодариме на сите оние кои одлучно застанале на вистинската страна на историјата! Заедно докажуваме дека како обединето и одлучно граѓанство можеме многу, објави Здружението „Спас за Валандово“ по донесувањето на повторната одлука за организирање референдум.

Фото архива: од протестот на Спас за Валандово на 14 јуни оваа година

Р.Т.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK