AMD Strela

 

Денес е светски ден на населението, а Македонија 15 години без попис

Денес е светски ден на населението, а Македонија 15 години без попис
Објавено на: 11 Jul 2017

енеска е светскиот ден на населението 11-ти јули, а Македонија и годинава ќе има неславен рекорд – таа е единствената земја во Европа каде што не е спроведен попис на населението во стандардниот период од една декада. На светски план, во ваквото доцнење друштво ѝ прави единствено Сомалија.
Фактот дека во Македонија поминаа 15 години од последниот попис и земјата веќе 5 години доцни со спроведувањето на нов, е акцентиран и од европската статистичка служба „Евростат“.

„Пописот не е политичка, тука статистичка операција, и треба да се врши само на лица кои при спроведувањето и се наоѓаат на територијата на земјата и не се отсутни повеќе од една година од неа. Методологијата за спроведување попис е определена од ООН и не смее да биде предмет на политички договор и на измена на принципот и начинот на нејзиното извршување“, изјави деновиве директорот за меѓународна соработка на Евростат, Пјетер Евераерс.

По дебаклот на пописот во 2011 години, тогашната влада на Груевски најави дека „ќе спроведе електронски попис, според највисоки меѓународни стандарди, што нема да влее сомнеж кај никого, кај ниту една етничка заедница, граѓанин, индивидуалец, политичка партија или кој било друг субјект“.

До денес тоа не се реализираше. Други предлагаа комбинирани форми на попис (теренски, плус регистри), трети се залагаа исклучиво за традиционален начин на попишување – теренски, кој е најскап, но најсигурен и најприменлив. Ветувањата за попис влегоа и во изборните програми на партиите. Но, заради обемот на подготовки потребни за негово реализирање, според експерти, тој може да се одржи најрано во 2019 или 2020 година. А, ако за целосна обработка на податоците се потребни две години, тогаш Македонија би ги добила статистичките податоци со доцнење од цела една декада.

Едно е сигурно, на Македонија и треба попис час поскоро за да се овозможи сериозно и квалитетно планирање на многу активности – економски, политички, образовни, социјални, истражувачки и развојни.

Извор:  Дојче Веле Линк до прилогот:http://www.dw.com/mk/%D0%BF%D0%BE%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BE%D1%82-%D0%B7%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D0%B0-%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D1%80%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0/a-39635196?maca=maz-VEU_libertas-20249-html-copypaste

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK