Пожарот кој избувна нешто пред 14 часот и може да се забележи од повеќе позиции во градот, а чад се издигнува дури и позади Цареви Кули, според информации од теренот е локализиран и не е дозволено да се доближи до куќите во селото Баница. На терен се излезени возилата на Противпожарната единица на Струмица и на „Комуналец“, а во гаснењето на пожарот учествува и в.д,градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, како и раководители од општината. Побарано е да дејствуваат и специјалните авиони за гаснење на пожари-канадерите, поради непристапноста на теренот и можноста од негово брзо ширење.
Според првите информации пожарот избувнал во близина на стрелиштето кај Баница и веднаш се проширил на нискостеблестата шума над селото.
Р.Т.
Фото:Јул Медија