Пожарот кој што вчера избувна над населеното место Баница е ставен под контрола. Во текот на ноќта патролираа екипи во Баница и на потегот од Попчево до браната Водоча, а уште од раните утрински часови 25 пожарникари, 15 вработени од јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ 12 од подружницата на ЈП „Македонски шуми“ се на терен и ја контролираат состојбата. Според информациите од Кирил Парталов командант на Општинскиот штаб за заштита и спасување, состојбата постојано се следи и контролира и во континуирана координација се сите надлежни органи за дејствување во вакви ситуации.