Младите ракометарки и ракометари на клубовите Астарион и Геотермика имаа ретка можност еден тренинг да поминат со тренерот на на голманите на актуелниот европски ракомотен првак, Александар Царчев. На покана на неговите спортски пријатели од двата струмички клубови тој вчера одржа тренинг со младите голмани на двата клуба, но и со ракометарите и ракометарките. Царчев, кој инаку потекнува од струмичко Колешино, не го криеше своето задоволство што барем преку еден тренинг им пренесе дел од своето големо искуство и тренерско знаење на најмладите ракометари од Струмица.