Цвентанка Иванова, правник и поранешен пратеник од СДСМ денес е избрана за генерален секретар на Собранието на Република Македонија. Претходно нејзината кандидатура беше потврдена на Комисијата за избори и именувања. Иванова е прва жена во историјата на македонското собрание што ќе ја извршува функцијата генерален секретар.