Пред малку автомобил излета во поројот кај мостот на улицата „Младинска“. Според првичните информации причина за несреќата е влажниот коловоз и неприлагодената брзина. Полицијата врши увид на местото на несреќата, а возачот на автомобилот е извлечен и е пренесен на лекување во струмичката болница.