ФК Академија Пандев интензивно се подготвува за влез во ПМФЛ, историската прва сезона меѓу фудбалската елита во Македонија.
Во новопечениот прволигаш владее оптимизам пред почетокот на новата сезона, од која очекуваат да опстанат, а по некоја сезона и да излезат на европска сцена.
Академија Пандев го имаше првиот пријателски натпревар во склоп на пред-сезоната, а во првиот меч се поразени од бугарската екипа Царско Село со 2:1.
Единствениот стрелец за Академија Пандев на оваа средба беше Филип Михаилов.
Академија Пандев: Истатов, Вареловски, Петриќ, Димов, Атанасоски, Иванов, Атанасов, Бреди, Пандев, Дориев, Балдовалиев, во второ полувреме во игра влегоа уште и Вујанац, Марков, Маневски, Чешмеџиев, Темелков, Бензузи, Томовски, Ефремов, Роден, Михаилов, Стоилов и Денковски.