По одржувањето на преелиминарниот натпревар во Дубаи, тимот од средното општинско училиште „Јане Сандански“ во состав Ивана Цветанова, Магдалена Стојанова и Тијана Иванова под менторство на професорката Верица Јанкова, утре, заминуваат на полуфиналниот натпревар по англиски јазик кој што ќе се одржи во Атина, Република Грција. Според професорот Јанковска, натпреварот опфаќа повеќе вештини, како што се дебата, предизвик, квиз на знаења од сите области на образованието и пишување есеи на дадена тема. Овој светски ученички куп се одржува во организација на универзитетот ЈЕИЛ од САД, каде што ќе се одржи и финалниот дел на натпреварот.