AMD Strela

 

„Транзен“ организира книжевен разговор со Наида Мујкиќ

„Транзен“ организира книжевен разговор со Наида Мујкиќ
Објавено на: 20 Jul 2017

Издавачката куќа „Готен“ во соработка со здружението за култура „КУЛТ-ТРАНЗЕН“ од Струмица ве покануваат на книжевниот разговор со писателката Наида Мујкиќ (Naida Mujkić). Разговорот ќе се одржи на 26 јули со почеток во 20.00 во „Суб Клуб“ во Струмица. Водител на разговорот ќе биде Далибор Плечиќ.

На разговорот ќе се зборува за книжевното творештво на Наида Мујкиќ, но и за книжевната сцена во Босна и Херцеговина. Во рамки на разговорот авторката ќе прочита дел од својата поезија.

Наида Мујкиќ (Добој, 1984) е поетеса од Босна и Херцеговина. Магистрирала на Филозофскиот факултет во Тузла, а во моментот работи како виша асистентка по книжевност на Филозофскиот факултет во Зеница. Таа е надворешна соработничка во неделникот „Став“ и е дел од редакцијата на списанието „Лингвазин“. Има свој блог и објавува филмски критики.

Во 2006 година ја доби наградата „Диздар“ за необјавена збирка песни, а нејзината втора книга поезија „Љубовните шарти на могулот“ во 2016 година влезе во финалниот избор за книжевната награда „Хасан Каимија“.

Песните на Наида Мујкиќ се преведени на германски, турски, корејски, македонски, италијански и англиски јазик. Учествувала на повеќе поетски меѓународни фестивали и книжевни средби, а нејзината поезија е дел од повеќе домашни и регионални антологии.

Мујкиќ во својата поезија се занимава со различни аспекти на босанско-херцеговската култура, како процесите на културата на сеќавање, војната, положбата на хомосексуалците, влијанието на исламот и традициите врз модерното босанско-херцеговско општество итн.

Разговорот со Наида Мујкиќ е дел од книжевната резиденцијална програма за автори и преведувачи од Југоисточна Европа „Апсолутно модерен“, програма која се реализира под покровителство на Европската мрежа за превод и книги Традуки.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK