Од Општинската изборна комисија на Дојран соопштија дека на денешниот референдум излегле над 51 проценти или 1.407 од 2.747 регистрирани гласачи, со што референдумот беше успешен. Резултатите од референдумот треба да ги верификува Советот на општината и истите ќе бидат доставени до Владата и ресорните министерства.
Референдумот во Дојран е трет што се одржува во југоистокот на државата против отворање рудници. Претходно успешни референдуми се одржаа во Гевгелија и Богданци, а за 20 август е закажан референдум во Валандово. Жителите на Босилово ќе се изјаснуваат за или против отворање рудници на територијата на нивната општина на 3 септември.