AMD Strela

 

ЗНМ го осудува вербалниот напад кон новинарите на ТВ ВИС во општина Ново Село

ЗНМ го осудува вербалниот напад кон новинарите на ТВ ВИС во општина Ново Село
Објавено на: 26 Jul 2017

Здружението на новинарите на Македонија остро го осудува вербалниот напад и недоличното однесување на градоначалникот на општина Ново Село  Блажо Велков и советникот од ВМРО-ДПМНЕ Божин Јованов кон новинарската екипа на ТВ Канал ВИС од Струмица. Колешката Стојне Митева и снимателот Кире Пиличев биле навредувани со најгрди зборови и спречени да известуваат од седницата на Советот на општина Ново Село одржана вчера, а на која се расправало за распишување референдум за или против работата на рудникот Иловица.

За ЗНМ е недозволиво градоначалник на една општина, во случајов Блажо Велков, да спречува новинари во професионално работење, иако станува збор за јавна седница, какви што треба да бидат сите седници на еден

општински совет. Уште понедолично е колегите да бидат навредувани од советници избрани од граѓаните. Тие наместо да се залагаат за отчетност и транспарентност пред избирачите, а тоа најдобро се прави преку медиумско пренесување на нивната работа, се обидуваат да ги спречат новинарите во исполнување на своите обврски.

ЗНМ бара одговорност за ваквото недолично однесување на градоначалникот и советникот од општина Ново Село. Најмалку што може да сторат е јавно да им се извинат за таквите свои постапки на колегите од ТВ ВИС.  Истовремено, ги повикуваме политичките партии пред локалните избори да ги повикаат своите членови и активисти да се воздржат од ваквото однесување кон медиумите.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK