AMD Strela

 

Општина Струмица и Банката за храна на Македонија ја продолжија соработката започната во 2012 година

Општина Струмица и Банката за храна на Македонија ја продолжија соработката започната во 2012 година
Објавено на: 26 Jul 2017

Вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, денеска, оствари средба со Душко Христов извршен директор на Банка за храна на Македонија и претставници на Организацијата на жени на Струмица– партнер организација на Банката. Општината и Банката зад себе имаат петгодишна успешна соработка, која што денеска беше продолжена со потпишување на нов договор за соработка во следните три години.

-На оваа средба разговаравме за досегашната, но и за идната наша соработка. Мора да спомнам дека во општина Струмица веќе петта година, започнувајќи од 5 мај 2012 година по потпишувањето на тој договор се реализирани бројни активности и како резултат на тој договор и сите заложби што ги прави општина Струмица во справувањето со гладот и сиромаштијата, поранешниот градоначалник Зоран Заев стана и амбасадор за борба против гладот токму од Банката за храна на Македонија. Секако, јас како негов наследник ќе ја имам обврската и задоволството целата таа соработка да ја продлабочувам и негувам. Денеска со господинот Душан Христов ги ставивме нашите потписи на нов договор за соработка помеѓу општина Струмица и банката за храна, за кој искрено се надевам дека ќе ги даде очекуваните резултати и во нашата Општина ќе има помалку глад и сиромаштија, рече Костадинов.

Христов истакна дека Струмица е единствената општина во Македонија која што ја поддржува Банката за храна, а чии почетоци датираат уште пред седум години.

-Тоа значи дека само после една година од нашето постоење, поранешниот градоначалник, нашиот амбасадор за борба против гладот и сегашен премиер, Зоран Заев, Банката за храна ја стави во буџетот на општина Струмица и благодарејќи на него, на граѓаните и на бизнис заедницата на општина Струмица, ние веќе во Општината имаме поделено над 20 тони храна, што нема да изостане и оваа година, бидејќи договорот што го потпишавме со Костадинов ќе продолжи, но со поинтензивна соработка во делот на граѓаните. Ги повикуваме граѓаните да се вклучат во оваа акција бидејќи од септември ќе бидеме меѓу нив и сакам да напоменам дека е голема честа и благодарноста што и новиот вршител на должноста, можеби и иден градоначалник, ја продолжува соработката која што навистина е голема за Банката за храна и ова е единствената општина која што директно ја поддржува Банката која е меѓу 253 банки кои се на тлото на Европа, ание таму сме присутни како придружна членка на Европската федерација на банки за храна, рече Христов.

Со денешното продолжување на договорот за соработка со Банката за храна, вршителот на должноста градоначалник, Костадин Костадинов и општина Струмица, уште еднаш потврдуваат дека во континуитет водат грижа за сите категории граѓани.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK