Фестивалот Revolution втора година по ред ги носи едни од најдобрите артисти на елекронската техно сцена, како во земјата така и на Балканот.
Во петок главната улога на сцената ќе ја има Aleksandra Duende која ни доаѓа од Белград, додека во сабота за диџеј пултот ќе застанат легендарното бугарско техно дуо и основачи на издавачката куќа Renesanz, Balthazar & JackRock, кои со својот препознатлив стил се наметнаа како едни од водечките артисти на техно сцената.
Како локална поддршка на 4-ти август (петок) ќе настапат Radnaskell &Chaky и Pata Pata Recordings (Ted Dettman, Sal Sonder, HAAJ) најпродуктивна платформа за издавање на електронска музика, која преку своите изданија и уникатни звуци се наметнува и на интернационалната сцена.
Зад пултот на 5-ти август (сабота) ќe застанат James, Articulatee и за крај во b2b битка добро познатите Nennat Omen & Ninno Mancini.
Блок билетите за фестивалот се пуштени во претпродажба од 27.06.2017 и тоа во Sub Club Струмица, пицерија Hermosa и Лебедово езеро по цена од 300 денари.
Локацијата на фестивалот ќе биде на тениските игралишта во Ново Село.
Линк до настан на социјални мрежи: https://www.facebook.com/events/1201204929983369/