Земјоделци од Богданско масовно ја крадат водата од системот за полнење на Дојранското Езеро и ја користат за наводнување на своите посеви. Според наши информации над 130 диви приклучоци има направено на системот уште во периодот од 2011-2012 година, кога поранешната власт на тој начин им „помагала“ на земјоделците да го решат проблемот со наводнувањето.
И во фејсбук групата „Богдански бркулеже...без бркаљка“ денеска е објавено дека од хидросистемот „Ѓавато“ недостасуваат околу 100 до 150 литри вода во секунда од вкупно 400 колку што треба да се влеат во Дојранско Езеро. Од тие 400 литри само 200 до 250 литри стигнуваат до хидроцентралата,па понатаму во езерото и затоа се поставува прашањето каде истекуваат преостанатите количини вода. Според објавеното во оваа фејсбук група оваа вода буквално се краде од страна на земјоделците, кои за оваа никому не плаќаат ниту денар. (Линк: https://www.facebook.com/groups/434229970258786/
Прашањето стана актуелно на социјалните мрежи откако браната „Паљурци“ почна да се празни и нивото е доведено до техничкиот минумум. Еднаш браната се наполни делумно од системот „Ѓавато“ за да може земјоделците да ги наводнуваат своите посеви. Но, нашиот извор вели дека најлесно е да се каже да се пушти водата од системот за полнење на Дојранското Езеро, а при тоа никој не прашува кој ќе плати за потрошената вода.
Денеска со соопштение за овие настани реагираше коалицијата ВМРО за Македонија ОК Богданци. Во соопштението стои:
„Коалицијата ВМРО за Македонија ОК Богданци ги прашува надлежните во општина Богданци зошто браната Паљурци не е поврзана со Хидросистемот за Спас на Дојранското Езеро.
Сите знаеме дека целта на проектот на Љубчо Георгиевски беше не само за спас на една општина, туку за спас на сите општини кои ќе имаат бенефит од проектот.
Бараме од надлежните да не го користат проектот за политички цели и освета, туку да не дозволат браната Паљурци да пресуши и да нанесе голема рана на земјоделието и да пуштат да се полни браната, стои во соопштението на оваа коалиција..
Фото:браната Паљурци вчера и каналот преку кој дотекува водата во Дојранско Езеро од системот „Ѓавато“
Р.Т.