Екипата на „Геминг центар Левел“ од Струмица го освои првото место на летниот турнир во мал фудбал кој што во изминатите 20 дена се одржа во селото Муртино. Организатор на овој спортски настан беше „Владе Банско“, а главен покровител општина Струмица. Во финалниот дел на турнирот во кој учествуваа 13 екипи, заслужено победи „Геминг центар Левел“ кој беше подобар од екипата на „Ван Ком“ од Бориево, а третото место го освои екипата на „Руски Комерц“ од Дабиле кој во малото финале ја победи екипата на „Коневи Арт мебел“. Наградите на најдобрите екипи им ги врачија Ристо Секулов, советник за спорт во општина Струмица и Дончо Андонов од „Владе Банско“ организатор на турнирот.