Од синоќа повторно почна да се полни со вода браната „Паљурци“ од системот за спас на Дојранското Езеро. Шестотини литри вода во секунда дотекуваат во браната кај Богданци, а од утрово земјоделците повторно добија вода за наводнување на посевите.Нивото на браната се покачува над дозволениот минимум со цел да се зачува живиот свет во оваа вода.
Браната „Паљурци“ втор пат овој месец се полни од системот за спас на Дојранското Езеро. Вчера напи извори обвинија дека водата од браната и од системот „Ѓавато“ се краде од земјоделците од Богданско и дека од 2011-2012 година има над 130 диви приклучоци на системите за наводнување, што е најголема причина за празнењето на браната и нецелосното искористување на капацитетот на системот „Ѓавато“.
Р.Т.