AMD Strela

 

Образованието останува стратешка определба на општина Струмица

Образованието останува стратешка определба на општина Струмица
Објавено на: 01 Aug 2017

Претставници од невладината организација Хелветас од Швајцарија, Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) и Стопанската комора на Македонија во рамките на проектот за унапредување на стручното образование подржан од Швајцарската агенција за развој и соработка ја посетија општина Струмица. На средбата со вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, се разговараше за досегашната соработка и постигнатите резултатите од неа, при што Костадинов потенцирајќи го задоволството од досега сработеното, рече дека поддршката на ваквите проекти продолжува бидејќи образованието било и ќе биде стратешка определба на општина Струмица.
Во рамките на престојот во Струмица беа посетени средното општинско училиште „Никола Карев“ и фирмите каде што се одвива практичната настава на учениците „Отпресоци“ и „Нипром“.
Струмица е пилот општина во проектот за унапредување на стручното образование.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK