Како дел од промотивните активности за Скопје Супер Куп 2017 кој ќе се одигра на 8 август во Скопје, на 3 август од 18 до 20 часот на фудбалското игралиште со вештачка трева во Струмица ќе се одржи Грасрут настан во организација на Фудбалската федерација на Македонија, а со поддршка на општина Струмица.
Целта на оваа тура е да им се овозможи на сите заинтересирани љубители на фудбалот да се фотографираат со трите највредни трофеи на УЕФА.
На овој несекојдневен настан учество ќе земат 120 деца од локалните клубови кои ќе играат фудбалски игри на различни делови, а истовремено, додека трае настанот, на централниот дел на игралиштето ќе бидат изложени трофеите од УЕФА Супер Купот, УЕФА Лигата на шампионите, како и УЕФА Лига Европа. Грасрут настанот ќе биде отворен за сите посетители кои се заинтересирани да се фотографираат со трофеите. Учесниците и посетителите ќе ги поздрави вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов.